Во последната рунда, Србија ја победи Норвешка со 3-2, а Украина со 2-1 беше подобра од Холандија. На крајот двете репрезентации имаа ист број на бодови по 7, идентична гол-разлика 6-4, а во нивниот меѓусебен дуел беше 1-1.
Србите имаа добиено 11 жолти картони, а Украинците 13, па затоа нашиот северен сосед обезбеди пласман на континенталниот турнир.