Ливерпул е решен да го сруши клупскиот трансфер-рекорд за да го доведе Уругваецот од Бенфика. Менаџерот на „црвените“ од прва рака се запозна со квалитетите на голгетерот, бидејќи Бенфика беше ривал на Ливерпул во Лигата на шампионите.
Вирџил ван Дајк во една прилика изјави дека имал многу проблеми да го чува Нуњез, што била и препорака за Клоп да се обиде да го доведе на „Енфилд“.
Изминатата сезона Уругваецот постигна 34 голови во сите конкуренции на 41 натпревар.