Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на средбата со новинарите в очи утрешниот натпревар од 3. коло во групата 4 од Ц сегментот во Лигата на нации со Грузија во Скопје потврди дека неговите избраници го почитуваат ривалот, но за крајниот исход од новата пресметка со ривалот против кој „црвено-жолтите“ обезбедија историски настап на ЕП ќе зависи токму од играта на неговите избраници кои ќе се прашуваат за конечниот исхиод. Милевски предупреди на внимателност затоа што гледајќи го мечот на Грузија со Бугарија, утрешниот ривал покажал дека е во добра форма.
-Го гледав мечот на Грузија со Бугарија. Се работи за добар тим со одлични индивидуалци. Одиграа одлично против Бугарија, но секој меч е приказна за себе. Натпреварот на Македонија во Грузија нема никаква конекција со овој сега, и не би се навраќал на тоа. Има разлика од тогаш, затоа што имаат нов селектор и нова филозофија. Начинот на кој играат е различен. Не гледам некоја поврзаност и сличност. Квалитетот како поединечен, така и на тимот е голем. Ако им дозволиме, може да не нападнат. На утрешниот меч ќе се прашува и Македонија за крајниот исход. Индивидуалците се важни, но на крај ова е тимска игра и на крајот тимот победува или губи, порача Милевски.
Перииодот во кој се играат овие натпреаври од Лигата на нации според македонските селектор не е најдобар.
-Тајмингот е таков како што е. Не може да бараме натпреварувачка форма од играчи кои се надвор од неа. Сепак тие што се тука покажуваат желба и решителност за победа. Секој минат натпревар е историја секој нареден е важен за нас, додаде селекторот.
За победа и преземање на лидерската позиција во групата селекторот Милевски ги покани навивачите да ги исполнат трибините и да бидат 12-ти играч на првиот домашен натпревар од новото издание од Лигата на нации, по двата гостински на кои „црвено-жолтите“ забелажаа реми на гостувањето кај Бугарија и триумф кај Гибралтар. Македонија и Грузија во 2020 година одиграа три натпреаври, два завршија без победник 1-1, а Македонија славеше во решавачкиот со 1-0 во Тбилиси за пласман на ЕП.
-Посакувам исполнет стадион и тоа би бил дополнителен мотив за нас да ја почувствуваме домашната атмосфера. Поддршката е потребна. Тоа што поминало во меѓусебните пресметки веќе е историја. Неодамнешната победа на Грузија против Бугарија не мора да значи ништо. Важно ќе биде како ние ќе одиграме, заврши Милевски.