Реваншот меѓу украинскиот боксер Олександр Усик и Британецот Ентони Џошуа најверојатно ќе се одржи на 20 август во земја од Блискиот исток, а деталите ќе бидат познати во следните неколку недели.
Тоа го објави денеска промоторот на украинскиот боксер, Олександер Красјук.
Усик минатата пролет по 12 рунди пред 66.267 гледачи на стадионот на Тотенхем во Лондон го совлада Џошуа со едногласна одлука на судиите и ја обедини титулата светски првак во тешка категорија во верзиите WBO, IBF, WBA и IBO.
По почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари, Усик се врати во татковината за да се вклучи во одбрана на земјата, но во март повторно ја напушти разорената Украина за да почне да се подготвува за реваншот против Џошуа.