РФМ му се заблагодари на великанот Кире

Ракометната федерација на Македонија преку својот фејсбук-профил упата порака до најдобриот македонски ракометар на сите времиња и еден од најголемите во историјата, Кирил Лазаров.

Лазаров вчера потврди дека става крај на играчката кариера, но ќе продолжи да работи како селектор на нашиот сениорски национален тим.

„Ти благодариме за севкупниот ГОЛЕМ придонес во македонскиот ракомет и ти посакуваме поуспешна работа во понатамошната кариера“, пишува во објавата на РФМ.

Треба да знаете
Последни објави