Македонската одбојкарска репрезентација и натаму има шанси за пласман помеѓу четирите најдобри во Сребрената Европска лига, откако синоќа ја победи Романија со 3:1.
Резултатот на дуелот одигран синоќа во СЦ „Борис Трајковски” по сетови изнесуваше: 25:21, 22:25, 25:19 и 25:22.
За „Спартанците” ова беше втора победа во петтиот свој настап од годинашното издание на турнирот.
Македонската репрезентација со седум освоени бодови се наоѓа на третото место во Б-групата. Лидер е Романија со 11 бода, Албанија е втора со 10, Босна и Херцеговина е на последното (4. место) со два бода.
Следниот натпревар за македонските одбојкари е в сабота во Тузла против БиХ.