Амбер Херд изнајмила импресивна хациенда за време на судењето

Во текот на судскиот спор по тужбата за клевета што Џони Деп ја поднесе против неа, Амбер Херд привремено се преселила во ултралуксузна вила во Вирџинија.

Куќата во која престојуваше ја изнајмила за 22.000 долари месечно и покрај тврдењата на нејзините адвокати дека актерката моментално „нема пари“.

Според „ТМЗ“, Амбер живеела на имот од 1.200 квадратни метри, на 25 минути возење од судот во Ферфакс во Вирџинија, каде се водеше судскиот процес по тужбата за клевета.

Импресивната градба има осум спални соби, 10 бањи, трпезарија за 10 гости, соба за билјард, фитнес-сала, домашно кино и спа-центар, а во дворот има тениско игралиште и големи градини.

Иако во записите за изнајмување го нема името на Амбер Херд, откриено е дека куќата била изнајмена на 4 мај за 22.500 долари месечно, пишува „ТМЗ“.

Според анонимни извори, покрај актерката, на имотот биле видени и нејзината мајка, сестра Витни Хенрикез и ќерката Онаг Пејџ.

Џони Деп во исто време престојуваше во хотелот со пет ѕвездички „Риц-Карлтон“, на 15 минути возење од судот во округот Ферфакс.

Во пресудата донесена на 1 јуни, поротниците му доделија на Деп отштета од 15 милиони долари (10 милиони компензациски трошоци и 5 милиони казнени трошоци), што на крајот беше намалено на 10,35 милиони долари поради правилата на судот во Вирџинија дека 350.000 долари е максимален износ на казна.

Адвокатката на Херд, Елејн Бредехофт, на 2 јуни во разговор со водителката на „Ен-би-си тудеј“, Савана Гатри, рече дека Херд нема да може да му плати отштета на Деп бидејќи нема пари. Таа додаде дека ќе поднесе жалба на пресудата.

 

Треба да знаете
Последни објави