Грузија си го наплати долгот од Македонија со камата во фудбалската Лига на нации, вечерва во Скопје (0:3). Посакуваното прво место во групата и новата приказна за пласман на ЕП-2024 преку ова натпреаврување станува многу далеку. Грузија по три кола во групата 4 од сегментот Ц има пет бода повеќе од „црвено-жолтите“ на копи им е потребна брза рехабилитација од лошото издание бидејќи в недела ги очекува уште еден дуел со Гибралтар во Скопје.
Терија да се смената работите постои, но во реалноста е нешто сосема друго, според вечерва прикажаното во Скопје. Македонија треба да возврати со иста мера на реваншот во Тбилиси, каде пред 18 месеци славеше (1:0) во финалето од разигрувањето за пласман на ЕП од Д сегментот, но сега работите се поинакви. Покрај триумф во Тбилиси, избраниците на селекторот Благоја Милевски треба да навиваат изненадување против водечката селекција Грузија да приредат и Бугарија или Гибралтар.
Македонија во Скопје каде изостана посакуваната поддршка од трибините, играше пред речиси полупразен стадион делуваше изморено. А десетината лоши минути на почетокот од вториот дел беа доволни Грузија да ги искорсти за предност од два гола и најава за убедлив триумф. Грузија поведе во 52 минута Баду Зивзивадзе по еден контранапад, а Квича Кварацхелија во 62 минута од 25 метри со прекрасен удар го реши победникот. Конечниот резултат кога веше беше се позната на пет минути пред крајот го постави Отар Кетиашвили кој по третпат ја затресе мрежата на „црвен-жолтите“.