Италијанскиот стручњак Џенаро Гатузо е новиот тренер на Валенсија, потврди шпанскиот клуб. Гатузо потпиша договор со „лилјаците“ до крајот на јуни 2024 година. Тој е 18. тренер на Валенсија во последните десет години.
Поранешниот играч за врска во својата тренерска кариера ги водеше Милан, Фиорентина и Наполи, но и Сион,, Палермо, ОФИ во Грција и Пиза.
„Лилјаците“ претходната сезона ја завршија на деветтото место во Ла Лига, со 11 бодови помалку од Виљареал, кој ја зазеде последната, седма позиција, која води во Европа.
Прашање е со каков тим ќе располага Гатузо, бидејќи поради лошата финансиска ситуација, Валенсија во летниот преоден рок ќе ги продаде тројцата најдобри играчи: Карлос Солер, Хосе Гаја и Гонзало Гуедеш.
Valencianistas, let’s experience this season with passion!
???????? ???????? Valencia CF fans, I am here❗#VCFDNA ????#ElCORdelVCF pic.twitter.com/9RbzgC8sSp
— Valencia CF (@valenciacf_en) June 9, 2022