Српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ Савиќ многу веројатно наскоро ќе го напушти Лацио и кариерата ќе ја продолжи во англискиот Арсенал.
Иако се поврзуваше со Јувентус, се чини дека нема ништо од тоа и дека Савиќ ќе стане член на Арсенал. Италијанските медиуми наведуваат дека Арсенал е подготвен да плати 50 милиони евра, додека Лацио бара 65.
Преговорите продолжуваат и сите веруваат дека ќе се најде заеднички јазик. И српскиот фудбалер има желба да стане англиски великан и е убеден дека тоа би бил вистинскиот потег за него.
Милинковиќ-Савиќ оваа сезона одигра вкупно 44 натпревари за „небесно-сините“ и постигна 10 гола со 12 асистенции, а пред Италија каде што пристигна во 2015 година играше во Белгија за Генк и во Србија за Војводина каде ја започна својата кариера.
🚨 Arsenal are willing to pay more than £42m for Lazio midfielder Sergej Milinković-Savić.
However, they will face competition from Newcastle.
( @CorSport ) pic.twitter.com/0cWBH5QHnt
— The Kickoff News (@thekickoffnews) June 11, 2022