„Молете се за мене“: Џастин Бибер има редок синдром кој му го парализира лицето

„Како што гледате ова око не трепка, не можам да се смеам на таа страна, имам целосна парализа на половина лице. Прилично е сериозно, но очигледно телото ми бара да одморам“ – вели Џастин Бибер во видео во кое открива дека има синдром кој предизвикува парализа на лицето.

Џастин Бибер изминатава недела ги откажа своите шоуа кои беа предвидени за наредниот период, а сега откри која е причината за тоа.

28-годишниот пејач објави видео на својот Инстаграм профил, во кое открива дека има здравствен проблем.

Станува збор за синдромот Ремзи Хант, предизвикан од вирус, а како последица на тоа му е парализирана десната страна од лицето.

На видеото може да се види дека неговата десна страна воопшто не се поместува, а во описот побара фановите да се молат за него.

-Сакав да ве известам што се случува. Очигледно, како што гледате од моето лице, имам синдром наречен Ремзи Хант, од вирус кој го напаѓа нервот во увото и на лицето и предизвикува парализа на лицето.
Како што гледате ова око не трепка, не можам да се смеам на таа страна, имам целосна парализа на половина лице.
За оние кои се фрустрирани од откажаните шоуа, да знаете дека физички не сум способен да ги исполнам. Прилично е сериозно, посакувам да не беше тоа состојбата, но очигледно телото ми бара да забавам.
Се надевам дека разбирате, морам да се одморам и релаксирам, за да можам да го правам тоа што планирав и да си го вратам лицето во нормала.
Ве сакам, благодарам за трпението. Ќе се подобрам, правам вежби. Треба само време, но не знаеме колку. Ќе биде добро се надевам, му верувам на Бог и дека сето ова е со причина, иако не знам што е тоа, рече Бибер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber)

Треба да знаете
Последни објави