Шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид постигна согласност за потпишување шестгодишен договор со францускиот играч за врска Орилиен Чуамени од Монако, објавија денеска двата клуба.
Францускиот 22-годишен репрезентативец ќе му се приклучи на Кралскиот клуб за сума од околу 80 милиони евра и дополнителни 20 милиони евра во бонуси, јавија шпанските медиуми.
Чуамени е втор најскап фудбалер од Монако на трансфер пазарот по Килијан Мбапе за чиј услуги ПСЖ во 2017 година плати 180 милиони евра.
Прогласен за најдобар млад фудбалер во француското првенство во сезоната 2020/21 откако дојде во Монако од редовите на Бордо за 16 милиони евра, Чуамени беше интересен за повеќе клубови ова лето, вклучувајќи ги Ливерпул и ПСЖ.