Агенција која стои зад Антетокумпо и Стеф Кари го прибра и Симиќ

Македонското кошаркарско „чудо од дете“, Теодор Симиќ (18 години), синот на поранешниот македонски репрезентативец Тони, денеска стана дел од менаџерската агенција „Октагон“, која стои зад имиња на прославените НБА-играчи Јанис Антетокумпо и Стеф Кари.

На талентираниот центар му предвидуваат светла иднина, а веста што стана клиент на американска агенција „Октагон“ која застапува исклучиво ѕвезди од најсилната светска лига, јасно е дека целта на македонскиот репрезентативец е најсилната лига – НБА.

Симиќ е играч на Барселона, каде се очекува во следната сезона да почне да добива  минутажа дури и во сениорскиот тим.

Треба да знаете
Последни објави