Македонската фудбалска репрезентација очекувано без проблеми убедливо го совлада аматерскиот состав на Гибралтар (4:0) во втоото јунско соочување, овојпат во Скопје во рамките од 4. коло во групата од Ц сегментоито на Лигата на нациите. Покрај триумфот над Гибралтар, добра вест за „црвено-жолтите“ е тоа што Грузија која не тушираше пред три дена во Скопје (0:3) вечерва во Тбилиси не ја победи Бугарија (0:0). Со ваквиот расплет Македонија остана во игра во последните две кола со две победи да стигне до врвот во групата и разигрувањето за пласман на ЕП-2024.
– Не го знаев резултатот од Тбилиси, не се навраќам на она што помина со Грузија. Со играчите жалиме за тој меч, бидејќи не е убаво кога ќе загубите на таков меч. Според мене, на тие 50 минути против Грузија можеби одигравме еден од најдобрите натпревари, но тоа не беше доволно да победиме. Задоволен сум од момците, покажаа пристап кој мора да се пофали. Овој тим покажува респект кон секого, но на терен кон никого и така треба да биде. Им честитам на момците за желбата за успех, им благодарам на сите што беа дел од репрезентацијата во овој јунски циклус, бидејќи издвоија дел од своите денови за одмор за да и помогнат на репрезентацијата – изјави македонскиот селектор Благоја Милевски и додаде:
– Сите што беа дел од овој тим покажаа дека поседуваат квалитет и потенцијал за да останат во конкуренција, но од самите нив зависи колку ќе се наметнат со своите настапи во клубовите. Не би издвојувал никој поединечно, задоволен сум од сите од пристапот и односот кој го имаа – додаде Милевски кој на четирте јунски натпреаври од Лигата на нации им даде шанса да дебитираат во државниот дрес на осумина кандидати.