Македонската фудбалска репрезентација го победи Гибралтар (4:0), а Бојан Мијовски ги постигна првите два гола во државниот дрес.
-Почнавме добро, дадовме гол во третата минута, по што сè беше лесно за нас. Постигнавме четири гола за 30 минути, а во второто полувреме се случија повеќе измени и падна нашата игра. Да се постигне гол во државниот дрес е најубавото чувство кое може да му се случи на секој фудбалер. Среќен сум што дадов два гола, но повеќе сум среќен за победата, кажа Миовски.