Халанд од меч во меч се потврдува како голем гол-мајстор

Новиот фудбалер на англискиот шампион на Манчестер сити, Норвежанецот Ерлинг Халанд уште еднаш покажа дека е вистински гол-мајстор. Во дресот на норвешката репрезентација Халанд постигна два гола, а имаше и една асистенција во победата не неговиот државен тим во скандинавското дерби против Шведска (3:2) во четвртото коло од групата 4 од сегментото Б во Лигата на нациите.

Халанд во 10. минута постигна гол за водство на Нопрвешка, а во второто полувреме од белата точка зголеми на 2:0. Надежта на гостите ја врати Форсберг, кој намали на 1:2 во 62. минута. Швеѓаните во атакот да ја анулира предноста на Норвешка, но прими и трет погодок во 77. минута (3:1) и победникот беше решен. Шведска постигна втор гол во последните мигови од судиското продолжение во 95. минута.

На Халанд му припаѓаат пет од шест погодоци кои Норвешка ги постогна на четирите мечеви во јунскиот термин од Лигата на нациии. Норвешка е прва на табелата со 10 бодови, четири повеќе од Србија. Шведска има три, а Словенија само еден.

Треба да знаете
Последни објави