Бугарија по сообраќајката во Тбилиси неможе да го врати фудбалскиот меч во преден план

Фудбалската репрезентација на Бугарија денеска ќе се соочи со Грузија на стадионот во Тбилиси во четвртиот натпревар од групата 4 во сегментот Ц од новто издание на Лигата на нации. Во пресрет на овој дуелот бугарските репрезентативци доживејаа сообраќајна незгода при пристигнувањето во Тбилиси.

Автобусите што ги превезуваа од аеродромот до хотелот се судрија при што настрада еден од најдобрите репрезентативци во бугарскиот тимот, Тодор Неделев. Тој веднаш беше хоспитализиран и опериран со повреда на главата поради што е под лекарски надзор, но е надвор од животна опасност.

-Сите сме психолошки оптоварени и под стрес. Но, ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме. Бугарија никогаш не се предава. Размислуваме позитивно, иако ќе биде многу тешко во една ваква ситуација максимално да се фокусираме на фудбал, изјави Георги Иванов – Гонзо, кој е именуван за в.д.селектор на бугарската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави