Македонската фудбалска репрезентација брзо се рехабилитираше по неочекуваниуот пораз од Грузија во Скопје (0:3) во четвртокот, па вечерва и беа потребни само половина час да го згази Гибралтар на истиот терен (4:0) во последниот четврти меч во јунскиот циклус од групата 4 во сегментото Ц од Лигата на нации.
Македонија покрај четирите голови, постигнати од Енис Барди, два Бојан Миоски и Дарко Чурлинов имаше и низа шанси да ја полни до самиот врв мрежата на аматерите од Гибралтар.
Овој натпреавр селекторто Благоја Милевски го почна со седум нови имиња во почетниот состав за разлика од дуелот со Гибралтар, а во вториот дел имаше дури четворица дебитанти: Енис Фазлагиќ, Бојан Димовски и Валон Етеми и Томче Гроздановски. Во овој нов циклус натпреаври од Лигата на нации Милевски им укажа за првпат шанса да заиграат за најдобриот државен тим вукпно на осум играчи. Покрај денешните четворица дебитанти првпат играа меѓу сенипорите и Давид Бабунски (Бугарија), Дејан Илиев, Никола Серафимов и Тодор Тодоровски (Гибралтар на гости).
За Македонија ова е втора победа во четирите одиграни меча. Со седум бода завршува на второто место на табелата пред завршните два меча кон крајот на септември годинава, со Грузија на 23 септември на гости и со Бугарија на 26 септември дома во оваа трета сезона од Лигата на нациите.