Најдобрата и некогаш најплатена манекенка во светот Наоми Кембел се почувствувала понижено на аеродром во Бугарија каде што персоналот ја оставил настрана да ја „процесуира“, како што тврди таа, заради бојата на нејзината кожа. Кембел службено допатувала во Софија, каде требало да остане три дена, но на 19 мај, откако слетала на аеродромот, персоналот ја тргнал настрана за да ја „прегледа“.
Извори за Дејли Мејл пренесуваат дека 52-годишната Наоми била многу вознемирена и дека смета дека тоа е расна дискриминација. Исто така, како што истакнаа, се уште не е сосема јасно дали персоналот кој имал посебен „услов“ за моделот бил вработен на аеродром или бил дел од приватна компанија.
Нејзината пријателка за „Дејли мејл“ изјавила:
„Наоми беше многу вознемирена. Целиот инцидент страшно ја погоди. Таа отпатува службено, на снимање на кое навистина се радуваше, но сето тоа згасна по тој срам“.
Инаку, ова не е првпат со Наоми да се поврзуваат непријатни искуства од аеродроми, а такво нешто ѝ се случило и на Хитроу во Англија. Тогаш Кембел завршла и со лисици на рацете откако се расправала и со полицијата, а причината наводно била забелешката на лице од персоналот кој ѝ рекол дека нејзината чанта не може да биде во авионот бидејќи била претешка.