Шпанија сигурна, Португалија киксира, Србија прокоцка водство од два гола

Шпанија и Швајцарија ја искористија предноста на домашниот терен во мечевите од фудбалската Лига на нации во 4. коло од групата. Шпанските фудбалери ја совладаа Чешка со 2:0 во Лига А. Солер во 24. минута погоди за предност на „црвената фурија“, додека победата ја потврди Сарабија во 75. минута со вториот гол за „црвената фурија“.

Швајцарија ја изненади Португалија со 1:0 со погодок постигнат уште во првата минута, кога Сеферовиќ ја погоди мрежата. Португалија доминираше до крајот, но не успеа да постигне гол и да го избегне поразот. Шпанија има осум бодови на првата позиција во групата 2, по што следи Португалија со седум, Чешка има четири, а Швајцарија е последна со три.

Србија имаше водство од 2:0 против Словенија со головите на Живковиќ и Митровиќ во првото полувреме, но на крајот не победи. Словенија возврати во иста мера во вториот дел за само пет минути (2:2). Со ова реми Словенија и направи услуга на Норвешка во групата од сегментото Б, која сега е прва со 10 бода, а Србија има седум по четири одиграни меча.

На другите одиграни мечеви вечерва Грција го совлада Косово со 2:0 за да го осигура првото место во групата, а Малта славеше против Сан Марино со 1:0.

Треба да знаете
Последни објави