Јувентус продолжува да работи на трансферот на играчот од средниот ред на Рома, Николо Ѕаноло.
Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, новинарот Николо Шира, претставници на Јувентус веќе одржале три состаноци со Клаудио Вигорели, агентот на играчот.
За Ѕаноло од претходно интерес пројавуваше и Милан, но новиот шампион не е активен околу овој евентуален трансфер.
Рома го цени Ѕаноло на 50 милиони евра и не сака други играчи да бидат вклучени во договорот, туку бара да и се исплати целата сума.
Римјаните нема да разговараат за продолжување на договорот со Ѕаноло до септември, односно до затворање на преодниот рок.