Десет фудбалери го напуштаат Вардар ова лето

Најтрофејниот македонски клуб Вардар објави дека клубот го напуштаат дури десетмина фудбалери. Раководството спогодбено ги раскина договорите и во план е тренерот Бобан Грнчаров да оформи тим според своите вкусови.

„Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека со играчите Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски е завршена соработката и тие нема да бидат дел од екипата во наредната сезона.

На сите играчи поединечно им се заблагодаруваме за професионалноста и посветеноста играјќи за клубот и бранејќи ги нашите бои и им посакуваме многу среќа и успех во нивните понатамошни кариери“, објавија од Вардар.

Треба да знаете
Последни објави