Партизан и Валенсија доаѓаат во Евролигата на местата на ЦСКА Москва и на Зенит

Kошаркарскиот клуб Партизан по пауза од осум години се враќа во Евролигата, објавија српските медиуми. Конечната одлука Евролига ќе ја донесе во четврток, но со оглед дека само два клуба аплицираа за специјална покана, Партизан и Валенсија, тие трена да ги пополнат двете последни места во елитното европско натпреварување.

Партизан и Валенсија во Евролигата доаѓаат на местото на руските клубови ЦСКА Москва и Зенит кои се суспендирани од учество во натпреварувањето поради руската инвазија на Украина.

Со враќањето на Партизан и Валенсија, Евролигата ќе ги добие сите претставници за сезоната 2022/2023 година. Тоа се Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Олимпија Милано, Олимпијакос, Панатинаикос, Макаби, Жалгирис, Анадолу Ефес, Фенербахче, АСВЕЛ, Баерн Минхен, Виртус Болоња, Монако, Црвена Звезда, Партизан и Валенсија.

Треба да знаете
Последни објави