Сити го претстави Халанд

Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити денеска го претстави своето големо засилување, норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд. Дваесет и едногодишниот норвешки фудбалер ќе му се приклучи на клубот на 1 јули откако потпиша петгодишен договор. Неговиот договор со „граѓаните“ е со важност до летото 2027 година.

– Отсекогаш сум го гледал Сити, ми се допадна во последните сезони. Невозможно е да не се восхитуваме на нивниот стил на игра. Играат интересно, создаваат многу шанси, што е совршено за играч како мене, изјави Холанд за клупскиот сајт на „граѓаните”.

Халанд од јануари 2020 година беше дел од Борусија Дортмунд. За две и пол сезони во бундеслигашот, постигна 86 гола на 89 натпревари и креира 23 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави