Две први места за македонските натпреварувачи на коњички турнир во Бугарија

Македонските натпреварувачи остварија забележителни резултати на четирдневниот традиционален меѓународен коњички турнир во Божуриште, Бугарија одржан од 9 – 12 јуни.

На коњички центар „Генерал Крум Лекарски”, македонскиот тим предводен од Дарио Гроздановски-шеф на екипата , настапи во состав: Самир Реџепи, Љупка Аврамовиќ, Дарио Гроздановски, Леонида Гроздановска, Петар Милошевски и Сиља Дуковска.

Први места освоија Реџепи со грлото Коку сениор освои 1-место во „Сребрена тура” висина 1,25/1,35 м. и Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо во „Бронзена тура” висина 1,10/1,20 м., додека Сиља Дуковска со грлото Најтингел во категорија Деца висина 1,15/1,25м се пласира на 2-место во мешовита екипа.

На турнирот учествуваа 40 натпреварувачи од пет држави.

Треба да знаете
Последни објави