Тренерот на Реал Ласо нема да биде во салата на првиот натпревар од финалната серија против Барселона

Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо зборуваше за својата здравствена состојба и соопшти дека нема да биде присутен на арената за време на вечерашниот прв натпревар од финалната серија во шпанското кошаркарско првенство против Барселона.

-Јас сум многу добар, веќе закрепнувам, но денеска нема да бидам во Палау Блауграна, напиша Ласо на Твитер.

Претходната недела Ласо доживеа срцев удар, по што беше опериран. Натпреварот Барселона – Реал е закажан за вечерва во 21 часот. 

Треба да знаете
Последни објави