Англискиот вицепрвак Ливерпул се договори со Бенфика за трансфер на уругвајскиот фудбалски интеранционалец Дарвин Нуњез. Тоа го потврди и португалскиот тим со соопштение, при што ги откри деталите за трансферот на својот напаѓач во Ливерпул.
Бенфика објави дека трансферот ќе чини 75 милиони евра, а сумата може да достигне до 100 милиони поради клаузулите во договорот. Ова ќе биде клупски рекорд за Ливерпул кога станува збор за трансферите на „Енфилд“. Најголемиот трансфер во историјата на Ливерпул досега беше оној на Вирџил ван Дајк кога во 2018 година од Саутемптон за околу 88 милиони евра пристигна кај „црвените“.
Напаѓачот Нуњез има само 22 години, а минатата сезона постигна 34 гола на 41 меч во сите натпреварувања за Бенфика. Нуњез ќе потпише договор на шест години во текот на неделава, а тоа значи дека ќе остане на „Енфилд“ до 2028 година.