Аргентинскиот фудбалски тренер Маурисио Покетино откри каде сака да ја продолжи кариерата. Наскоро Покетино и официјално ќе си замине од клупата на францускиот Пари Сен-Жермен.
Според „The Telegraph”, фудбалскиот стручњак планира да води еден од врвните клубови во Англија. Сепак, Покетино прво има намера да направи мала пауза.
Покетино веќе работеше во Англија, како тренер на Тотенхем. Педесетгодишниот Покетино го презеде водството на ПСЖ во јануари 2021 година. Под водство на Покетино „светците“ ги освоија шампионатот, Купот и Суперкупот на Франција.