Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо зборуваше за својата здравствена состојба и соопшти дека нема да биде присутен на арената за време на вечерашниот прв натпревар од финалната серија во шпанското кошаркарско првенство против Барселона.
-Јас сум многу добар, веќе закрепнувам, но денеска нема да бидам во Палау Блауграна, напиша Ласо на Твитер.
Претходната недела Ласо доживеа срцев удар, по што беше опериран. Натпреварот Барселона – Реал е закажан за вечерва во 21 часот.