Шкупи го доби најпосакуваниот противник Линколн во првото квалификациско коло од ЛШ

Екипата на Линколн од Гибралтар е ривалот на македонскиот фудбалски првак Шкупи во првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Вака одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Првиот натпревар ќе се игра на 5 или 6 јули, реваншот ќе биде на 12 или 13 јули.

Македонскиот фудбалски шампион првиот меч ќе го игра на домашен терен во Скопје.

Тимот од Чаир е фаворит во пресметката со Линколн, кој беше најпосакуваниот противник од можните ривали во третата група.

Треба да знаете
Последни објави