(Видео) Австарлија со танцот на голман Редмејн го елиминира Перу од СП

Голманот на Австралија, Ендру Редмејн е главна вест во светскиот медиуми поради неговата одбрана во пенал-серијата против Перу, по што ја одведе неговата земја на Светското фудбалско првенство во Катар. Натпреварот беше без многу прилики и за 120 минути беа видени само три шута во рамките од голот без да се затресат мрежите (0:0), па така пеналите го решаваа победникот кој беше добиен по шестата серија (5:4 за Австарлија).

Интересно е тоа што австралискиот селектор го внесе Редмејн (33 г.) во игра во 120 минута од натпреварот, специјално за пеналите. Тој успеа да одбрани во шестата серија откако пред секој удар на противниците прво танцуваше на гол-линијата.

Австралискиот голман за време на пенал-рулетот имаше уште еден генијален потег. Тој го фрлил на трибините шишето со вода на голманот на Перу зад голот на кое биле напишани совети каде шутираат Австралијците при изведувањето на пенали.

За Редмејн ова беше само трет настап во националниот тим во својата кариера. Тој не секогаш бил професонален голман, бидејќи во минатото имал голема желба да биде бариста. Очигледно правењето кафе не му одело најдобро, па се вратил на својата прва љубов – фудбалот.

Треба да знаете
Последни објави