Американскиот голф играч Тајгер Вудс им се приклучи на кошаркарите Леброн Џејмс и Мајкл Џордан меѓу спортистите, чија заработка се проценува на повеќе од една милијарда долари, објави магазинот „Форбс”.
Вудс, кој оваа пролет се врати на голф терените по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа минатата година, во својата кариера досега заработил 1.7 милијарди долари.
Околу 90 проценти од неговата заработка доаѓа од бројни рекламни договори и други вложувања надвор од голфот.
Според „Форбс”, Вудс е најбогат спортист во светски рамки пред Леброн Џејмс и Мајкл Џордан.