Поранешниот претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Васил Тупурковски доби специјална награда од Европскиот олимписки комитет за неговиот личен придонес во развојот на македонскиот и европскиот спорт.
Наградата на Тупурковски му беше врачена во Скопје од рацете на првиот човек на Европскиот олимписки комитет, Спирос Капралос, по повод 30-годишнината од формирањето на МОК.
Поранешниот долгогодишен претседател на МОК, Тупурковски, е добитник и на наградата „Пјер Де Кубертен” на Интернационалниот олимписки комитет, како и наградата „13 Ноември” на Град Скопје.
Собранието на МОК, составено од Националните спортски федерации и истакнати спортисти и спортски работници во седум наврати го избираше Васил Тупурковски за претседател на МОК.