Германците ги користеа своите шанси пред голот на Донарума, па прво во листата на стрелци се запиша Кимих, а потоа и Гундоган од пенал во судиското надополнување на првиот дел.
Целосен распад следеше на „аѕурите“ во вториот дел, кога примија уште три гола за 25 минути, и тоа еден од Милер и уште два од Вернер, па на Италија не ѝ остана ништо друго, освен да нападне со сите сили и успеа да постигне два погодоци преку Гното и Бастони.
Англичаните доживеаа еден од најголемите порази во последно време, а можеби и во историјата, откако Унгарија ги здроби со 4-0.
Хоророт за „Гордиот Албион“ почна во 16. минута Салаи погоди за 1-0, а потоа во вториот дел истиот фудбалер зголеми и на 2-0 во 70. минута.
Избраниците на Саутгејт се обидуваа да се спасат од срам, но доживеаа дебакл, откако Унгарија даде уште два погодоци до последниот судиски свиреж и запиша триумф од 4-0.
Унгарија е прва во групата 3 со седум бодови, по што следи Германија со шест, Италија има пет, а Англија само два.