Фудбалски судија во Салвадор претепан до смрт на терен

Фудбалскиот судија Холсе Арнолд Амаја (63 г.) е претепан е до смрт на терен во родниот Салвадо, потврди тамошната фудбалска федерација на својот официјален сајт.Амаја е човек кој и во својата седма деценија од животот продолжил да суди, бидејќи имал голем углед во Салвадор. На фудбалските терени бил повеќе од две децении. Сепак фудбалот го чинеше живот кога еден фудбалер се нафрлил на него поради доделен жолт картон.

Несреќниот судија е претепан на стадионот Толук. Фудбалерот кој го нападнал не можел да престане кога почнал да го удара. На теренот втрчале и навивачи и заедно му задале смртоносни повреди. Лекарите се обиделе да му помогнат, но не успеале.

Салвадор важи за една од земјите во која царува криминал.

 

Треба да знаете
Последни објави