Чави му соопштил на Пике дека е прекуброен во тимот на Барселона

Искусниот  35-годиншен дефанзивец на Барселона Жерар Пике поминува низ можеби најтешкиот период во кариерата. Пике во последните недели е во центарот на вниманието поради раскинувањето со Шакира со која беша 12 години во врска. Сега каталонскиот „Спорт“ пренесува нов удар кој го добил од поранешниот соиграч, сега тренер Чави. Според медиумот Чави  му соопштил на Пике дека е прекуброен и не и е потребен повеќе на Барселона кој ќе составува нов за да се врати на победничките патеки.

Според информациите на каталонскиот медиум Чави не бил разичаран од неспортскиот живот на Пике и смета дека тоа влијае на неговата физичка подготвеност, поради што 35-годишниот дефанзивец стана прекуброен. Чави лично разговарал со Пике и му ја објаснил ситуацијата бидејќи сака клубот да напредува. Пике не ја прифатил баш најдобро таа вест бидејќи сака да остане и да се бори за своето место, меѓутоа одлуката на Чави не се променила.

Чави сака да ја подмлади и освежи одбраната и смета дека Пике едноставно повеќе не може да го понуди тоа што се бара од него.

Треба да знаете
Последни објави