Македонските претставници во третото по ранг европско клупско фудбалско натпреварување Конференциската лига на УЕФА, Шкендија и Академија Пандев, ги добија ривалите во првото квалификациско коло. Третиот претставник во ова натпреаврување, победникот во домашниот Куп, Македонија ЃП ќе се вклучи во второто квалификациско коло.
Шкендија како носител го доби поранешниот првак на Ерменија, Арарат, додека Академија Пандев на своето второ евро-излегување ќе играат против исклучително силен ривал од Полска, Лехија од Гдањск.
Шкендија на првиот меч ќе биде домаќин, а Академија Пандев ќе гостува. Првите мечеви се играат на 7 јули, а реванш мечевите на 14 јули.