Џеф Бек и Џони Деп следниот месец со заеднички албум

Легендарниот британски гитарист Џеф Бек и холивудскиот актер Џони Деп, кој минатата недела извојува речиси целосна победа во тужбата за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, следниот месец ќе објават албум со преработки на песни.

Студискиот албум „18“, со 13 нумери, ќе биде објавен на 15 јули. Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ настапуваше заедно со Бек во неколку градови во Велика Британија во изминатите две недели.

„Речиси како да сте поминале низ продавница за плочи и сте скокале од еден жанр во друг“, изјави Бек за „Ројтерс“, додавајќи дека тие првпат почнале да работат на албумот во домот на Деп во Франција.

Деп и Бек снимаа музика за албумот уште од 2019 година. Во него има две авторски композиции на Деп, кој има свој бенд „Холивудски вампири“.

Треба да знаете
Последни објави