Голманот на Австралија, Ендру Редмејн е главна вест во светскиот медиуми поради неговата одбрана во пенал-серијата против Перу, по што ја одведе неговата земја на Светското фудбалско првенство во Катар. Натпреварот беше без многу прилики и за 120 минути беа видени само три шута во рамките од голот без да се затресат мрежите (0:0), па така пеналите го решаваа победникот кој беше добиен по шестата серија (5:4 за Австарлија).
Интересно е тоа што австралискиот селектор го внесе Редмејн (33 г.) во игра во 120 минута од натпреварот, специјално за пеналите. Тој успеа да одбрани во шестата серија откако пред секој удар на противниците прво танцуваше на гол-линијата.
Австралискиот голман за време на пенал-рулетот имаше уште еден генијален потег. Тој го фрлил на трибините шишето со вода на голманот на Перу зад голот на кое биле напишани совети каде шутираат Австралијците при изведувањето на пенали.
THE GREY WIGGLE TAKES AUSTRALIA TO THE WORLD CUP #AUSvPER pic.twitter.com/1gIQS6SQjU
— Tyson Whelan (@tyson_whelan) June 13, 2022
Goalkeeper Andrew Redmayne… Came off the bench for Australia in the final minute of extra time just for penalty shoot-out… He did this dance on the line every time… And for the critical penalty kick it worked! pic.twitter.com/hUb2g9Mevd
— Simon Sandiford (@SimonUpNorth) June 13, 2022
За Редмејн ова беше само трет настап во националниот тим во својата кариера. Тој не секогаш бил професонален голман, бидејќи во минатото имал голема желба да биде бариста. Очигледно правењето кафе не му одело најдобро, па се вратил на својата прва љубов – фудбалот.