Кер: Сакаме да ја земеме титулата во Бостон

Тренерот на финалистот во најсилната кошаркарска лига на светот НБА, Голден Стејт, Стив Кер, порача дека има намера неговиот тим да ја заврши трката кој прв до чпетири победи за да го освојат шампионскиот трофеј во шест натпревари.

– Сакаме да ја освоиме титулата во Бостон. Ќе ја завршиме серијата во Бостон, рече Кер.

Шестиот натпревар ќе се одигра на 17 јуни на теренот на Бостон со почеток во 3 часот по средноевропско време.

Доколку домаќините победат шампионот ќе се решава на седмиот натпревар во Сан Франциско.

Голден Стејт може да ја освои четвртата титула во последните осум години кои тимот ги играше под водство на Кер.

Треба да знаете
Последни објави