Костарика е последниот патник на СП во Катар

Селекцијата на Костарика, е последниот патник на завршницата од Светското фудбалско првенство што кон крајот на годинава ќе се одржи во Катар. До пласманот на мундијалот Костарика стигна со триумф во баражот против Нов Зеланд (1:0).

Победничкиот гол за Костарика го постигна поранешниот играч на англискиот премиерлигаш  Арсенал, Џоел Кембел во 3. минута. И Нов Зеланд ја затресе мрежата на Костарика во 39. минута, но  голот беше поништен по интервенција на ВАР собата.

Треба да знаете
Последни објави