Адеми и Ристовски од Динамо се најдоа во хрватскиот тим на сезоната

Динамо Загреб доминира во хрватскиот фудбалски шампионат каде сезонава ја освои својата 23. титула. Македонските репрезентативци, капитенот на „модрите“ Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа едни од најзаслужните во новиот шампионски ппохоид на тимот од „Максимир“, па како награда за тоа се најдоа во тимот на сезоната во хрватскиот шампинат, според  гласовите на играчите и тренерите од прволигашките тимови.

Во најдобрите 11 се наоѓаат: Ливаковиќ (Динамо), Ристовски (Динамо), Шутало (Динамо), Елез (Хајдук), Бочкај (Динамо/Осијек), Павичиќ (Ријека), Кровиновиќ (Хајдук), Адеми, (Динамо), Оршиќ (Динамо), Дрмиќ (Ријека), Ливаја (Хајдук).

За најдобар фудбалер во Хрватска за сезоната 2021/22 е избран Марко Ливаја од Хајдук.

Треба да знаете
Последни објави