Водечкиот гол на македонската фудбалска репрезентација против Гибралтар што го постигна Енис Барди во третата минути со прекрасно изведен слободен удар од 25 метри е номиниран за гол на колото во четвртата рунда од Лигата на нациите. Македонија победи убедливо против аутсајдерот со 4:0, а Барди се најде во трката за гол на колото. Покрај погодокот на Барди во конкуренција се и головите кои ги постигнаа Ноа Лонг за Холандија против Велс, на Азербејџанецот Махир Емрели против Белорусија и на Даниел Газдаг против Англија.
За голот на Барди може да гласате на овој ЛИНК.