Македонија ЃП на европскиот пат тргнува со ЦСКА Софија

Денеска во Нион, седиштето на УЕФА  беше извршена и ждрепката за третото по ранг клупско европско натпреварување Конфернциската лига, во која Македонија има три претставника. Освојувачот на националниот Куп, тимот на Макеоднија ЃП  кој старува од оваа втора елиминаторна рунда за прв противник го доби тимот на ЦСКА Софија. Бугарскиот тим ЦСКА Софија ќе биде домаќин во првата пресметка на 21 јули, а реваншот е една недела подоцна на 28 јули во Скопје.

Преостанатите два македонски претставници во истото натпреварување Академија Пандев и Шкендија кои ќе стартуваат од првото квалификациско коло, добија условни противници, со кои ќе се соочат доколку ја мината првата пречака.

Академија Пандев ако ја мине полската Лехија од Гдањск ги чека двомеч со Рапид Виена.

Шкендија која треба да го помине ерменски Арарат во второто коло ја чека двомеч со летонскиот Валмеира.

Македонските тимови Академија Пандев и Шкендија според ждрепката би гостувале на првите мечеви на 21 јули, а во реваншите на 28 јули би ги играле дома.

Треба да знаете
Последни објави