Англискиот и европски фудбалски вице-првак Ливерпул откако го соопшти новото засилување Дарвин Нуњез од редовите на Бенфика,најава за заминмување од „Енфилд“ стигна за Садио Мане. Експертот за трансфери, познатиот Фабрицио Романо утрово објави дека Мане постигнал договор со Баерн за личните улосив. Според неговите информации Сенегалецот со Баерн ќе потпише договор на три години.
Трансферот не е комплетиран затоа што преостануваат преговорите со Ливерпул кои наводно се во завршна фаза.
Засега не е познато кога се би можело да биде официјализирано, но се наведува дека е блиску до реализација.