Седлоски против „својот“ Динамо Загреб

Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб ќе биде ривалот во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите за македонскиот првак Шкупи, доколку во првата рунда го мине аутсајдерот Линколн Ред Импс од Гибралтар. Вака одлучи денешната ждрепка во Нион, седиштето на УЕФА за второто квалификациско коло во ЛШ.

Динамо Загреб е клубот на тренерот на чаирчани Гоце Седлоски, кој како играч беше и капитен на тимот од „Максимир“, а имаша шанса и да работи како тренер во овој тим за кого сега настапуваат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Сега капитенската ленат на „модрите“ ја носи токму Адеми. Динамо ја има фаворитската улога во двомечот со Шкупи. Динамо Загреб веќе цела деценија постојано е дел од групите во европските купови, лани играше шеснаестинафинале во Лига Европа и од сите потенцијални ривали беше најтежок ривал за чаирчани.

Натпреварите од второто коло ово квалификациите се играат на 19/20 јули и 26/27 јули.

Во случај Шкупи да не ја оправда фаворитската улога против Линколн наместо на мегдан со Динамо Загреб, ќе оди на поправен во 2. Квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Треба да знаете
Последни објави