Голот на Барди против Гибралтар се најде во трка за најубав на колото

Водечкиот гол на македонската фудбалска репрезентација против Гибралтар што го постигна Енис Барди во третата минути со прекрасно изведен слободен удар од 25 метри е номиниран за гол на колото во четвртата рунда од Лигата на нациите. Македонија победи убедливо против аутсајдерот со 4:0, а Барди се најде во трката за гол на колото. Покрај погодокот на Барди во конкуренција се и головите кои ги постигнаа Ноа Лонг за Холандија против Велс, на Азербејџанецот Махир Емрели против Белорусија и на Даниел Газдаг против Англија.

За голот на Барди може да гласате на овој ЛИНК.

Треба да знаете
Последни објави