На стартот од новата сезона во Премиер лигата Манчестер сити гостува кај Вест Хем, Ливерпул кај „новајлијата“ Фулам

Познат е распоредот за новата сезона во англиската фудбалска Премиер-лига која ќе стартува на 5. август со натпреварот меѓу лондонските ривали Кристал Палас и Арсенал. Во првото коло актуелниот шампион Манчестер сити ќе му гостува на Вест Хем, додека Ливерпул ќе патува во Лондон кај „новајлијата“ Фулам.

Во второто коло најинтересен ќе биде дуелот меѓу Челзи и Тотенхем, додека првото вистинско дерби на програмата е во третата рунда кога Манчестер јунајтед на домашен терен ќе го пречека Ливерпул.

Комплетниот распоред можете да го видите на овој ЛИНК. 
Треба да знаете
Последни објави