Том Хенкс за „Кодот на Да Винчи“: Тој филм е измама

Во интервју за „Њујорк тајмс“, холивудската ѕвезда Том Хенкс , меѓу другото, се осврна и на мегапопуларната трилогија за Роберт Ленгдон.

Филмовите „Кодот на Да Винчи“, „Ангели и Демони“ и „Пекол“, во режија на Рон Хауард се базираат на книгите на Ден Браун, а Хенкс има главна улога во сите три.

Иако го портретира најважниот лик во трилогијата, славниот актер нема ништо убаво да каже за овие филмови: „Кодот на Да Винчи е измама. Целата трилогија е измама. Да речеме дека Ден Браун напиша „Еве една скулптура во Париз ! Не, сè е таму. Гледате како изгледа овој крст на мапата? Па, тоа е повеќе или помалку крст“, рече Хенкс.

„Тој забавен лов на богатство ја прикажува историјата исто колку и филмовите за Џејмс Бонд прецизно прикажуваат шпионажа,“ додаде тој.

Оскаровецот се присети и на една анегдота од познатиот париски музеј: „Снимавме таа вечер во Лувр. Ги сменив панталоните пред Мона Лиза. Ми ја донесоа роденденската торта во Големиот салон! Кој друг може да се пофали со тоа?”

Треба да знаете
Последни објави