Успешно реализирани Балкански училишни спортски игри „Охрид 2022″

Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Федерацијата на училишни спортови успешно ги организираа Балканските училишни спортски игри „Охрид 2022″.

АМС  ја презема обврската да организира вакви спортски игри, за нашите млади, за нашата иднина. Ученици од различни земји, тука се зближија ги надминаа различностите и ни покажаа нам повозрасните дека иднината е во фер плеј, во почитување, во победите и во поразите. Младите ги заслужуваат сите услови да напредуваат и да се реализираат во спортот кој го избрале. И тоа е наша цел и мисија од која не се откажуваме.

Продолжуваме да креираме клима и услови за секој еден млад спортист да може да го оствари својот сон и во спортот, но и во секоја друга професија која ја одбрал.
Се надеваме дека оваа наша иницијатива во иднина ќе прерасне во традиционална спортска манифестација која ќе расте секоја година и ќе ги зближи младите спортисти на Балканот

На сите учесници во спортските игри изминативе денови им честитаме и да им порачаме дека СИТЕ ВИЕ СТЕ ПОБЕДНИЦИ!
Ви посакуваме и понатаму успеси, достојно да ги претставувате вашите земји и постигнувате одлични резултати! – стои во соопштението на Агенцијата за млади и спорт.

Игрите се одржаа од 12 – 16 јуни во Охрид и на истите учествуваа околу 450 ученици-натпреварувачи од најдобрите средни училишта од следниве балкански земји: С. Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Треба да знаете
Последни објави